Туѓината пуста да остане,
таа од либето ме раздели.
Таа од либето ме раздели,
што го љубев време три години. /х2
Сите печалбари си дојдоја,
само моето либе го нема.
ќе ве прашам, млади печалбари,
дали го видовте мојто либе?
Дали го видовте мојто либе
од печалба дома да си иде?
Дење-ноќе на порти го чекам,
стално плачам и на него мислам.
На трета година писмо прати
и ми пише нема да се врати.
Не се враќа, друга си заљубил
и за неа тој си се оженил.